Ибра е кралот на Лос Анџелес – постигна хет-трик во градското дерби! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во претходните денови Златан Ибрахимовиќ беше гласен и тврдеше дека е најдобар фудбалер во лигата, па ги критикуваше новинарите затоа што го споредуваа со Карлос Вела.

А потоа својата класа ја потврди на теренот и тоа синоќа во градското дерби против првопласираниот Лос Анџелес. Галакси славеше со 3-2, а Ибра постигна хет-трик за неговиот тим.

На крајот стигна да се „закачи“ со стручниот штаб на градскиот ривал, откако сочно им порача „Јас сум Лос Анџелес“.

Ибрахимовиќ дефинитивно е жива легенда, а тоа често го покажува на терените во МЛС-лигата.