Жесток состанок во Интер: Конте се налутил – има пет замерки!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Антонио Конте и Интер дебитираат на азиската турнеја, а ситуацијата не е воопшто добра, па италијанските медиуми пишуваат дека на состанокот во Пекинг со сопствениците, но и Марота имале несоодветни зборови.

Италијанецот бираше што ќе каже на конференцијата за новинари, но денеска од клубот велат дека има пет замерки.

Една од нив е обидот да го убедат да молчи и да не покажува загриженост. Исто така Конте смета дека Интер не смеел да му ветува некои работи, ако тоа навистина не е така. Во врска со фудбалерите кои се на продажба, Конте вели дека тој постапил по препорака на клубот.

Подготовките минуваат, а Конте јасно го прашал Марота да го донесе Џеко и Лукаку, последно е тоа што спомена дека доколку не стигнат засилувања, тој нема да молчи.