Јувентус има премногу напаѓачи: „Бјанконерите“ го продаваат Кин!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мојсе Кин е еден од најперспективните фудбалери во Италија, а минатата сезона доби шанса за игра во Јувентус.

Кин доби солидна минутажа во вториот дел од сезоната и одигра неколку добри натпревари, а се очекуваше дека во следната сезона ќе добие повеќе шанса, но тоа нема да се случи.

Италијанските медиуми пишуваат дека младиот напаѓач ќе го напушти Јувентус, зашто Маурицио Сари не планира да смета на неговите услуги.

Кин исто така побарал да замине, зашто не сака да седи на клупата, а Јувентус му порача дека ќе го продаде само доколку ја плати некој откупната клаузула, која во моментов изнесува 30 милиони евра, но притоа да има клаузула според која италијанскиот шампион ќе може да го врати напаѓачот.