Зидан по поразот од Баерн Минхен го понижи Бејл: Би било најдобро да исчезне…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во подготвителниот меч за новата сезона Реал Мадрид загуби со 1-3 од Баерн Минхен, а тренерот Зинедин Зидан не го повика Герет Бејл за мечот.

Ако може да се суди според изјавата на францускиот тренер не постои никаква шанса Бејл да остане следната сезона меѓу „кралевите“.

„Бејл не беше во конкуренција, зашто Реал работи на негов трансфер. Кога би можел да си замине уште утре, би било многу подобро за нас“, вели тренерот.

Зидан нагласи дека не станува збор за ништо лично, туку едноставно донел таква одлука.

„Не е ништо лично. Немам ништо против него, но донесувам одлуки. Дојде момент кога ќе мора да менува клуб“, објасни Зидан.