Зидан не сака да чека: Реал Мадрид го продава Хамес и тргнува во голема мисија!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид планира летово да го продаде Хамес Родригез, но за тоа поставил рок до 29 јули, затоа што сакаат да заработат пари кои ќе може да ги вложат во ангажман на Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Интерес за Хамес досега покажаа Наполи и Атлетико Мадрид, но наводно италијанската екипа е во предност, па планира да плати околу 40 милиони евра за потписот на колумбискиот плејмејкер.

Секако, тренерот Зинедин Зидан нема да смета ниту на услугите на Герет Бејл, кој ќе сака да го продаде за 100 милиони евра, па заедно со тие 40 милиони од трансферот на Хамес би понудил 140 милиони за Погба, а тоа најверојатно ќе ја убеди управата на „црвените ѓаволи“ за да го путши францускиот репрезентативец да замине.