Алергичен е на трева, но најде начин како да го живее сонот и да игра фудбал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Љубовта кон фудбалот може да победи многу работи, па и алергијата. Таков случај беше со Дени да Коста, 26-годишен дефанзивец на Ајнтрахт Франкфурт, кој секој меч се соочува со необична ситуација.

Десниот бек призна дека има необична алергија, односно дека во секој контакт со трева има проблеми.

Поради таа причина Да Коста секој меч носи маичка со долги ракави и летно време кога температурите се високи.

„Секогаш носам маичка со долги ракави под дресот. Не знам од каде ми е таквата алергија, како момче имав неуродермитис, но не мислам дека тоа е поврзано“, кажа Да Коста.

Меѓутоа, додека горниот дел на телото успешноги крие останатите празнини се меѓу шорцевите и штуцните.

„За среќа на нозете немам голем проблем, додека на останатите делови не можам да го контролирам тоа“, вели десниот бек.