Солскјер гради силен тим: Јунајтед ја доби битката за ѕвезда која ја сака цела Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед и понатаму работи на нови засилувања. Тренерот Оле Гунар Солскјер е на добар пат да го договори Николас Пепе од Лил, па наводно парите од трансферот на Ромелу Лукаку, кој ќе замине во Интер, ќе ги вложи во новата ѕвезда.

Сепак, „црвените ѓаволи“ тука нема да застанат, зашто преговараат и со Бруно Фернандеш, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ им е втора опција.

Засега нема напредок во преговорите со Хари Мегваер, последната понуда беше 85 милиони евра, Лестер чека, а „ѓаволите“ немаат намера да платат повеќе од тоа што вложи Ливерпул во Вирџил ван Дајк.

Шон Лонгстаф е прескап, па Јувентус го запре и трансферот на Пауло Дибала. Тоа значи дека постои голема шанса да стигнат Мегваер и Фернандеш, како и Пепе, секако доколку замине Лукаку.