Перез и Ал-Келаифи имаат на ум размена која ќе го „здрма“ фудбалскиот свет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Флорентино Перез и Насер Ал-Келаифи наводно планираат да го „здрмат“ фудбалскиот свет.

Според пишувањата на странските медиуми ПСЖ е во преговори со Реал Мадрид околу можна размена на Нејмар со Гарет Бејл.

Нејмар е одлучен да го напушти ПСЖ, долго време се поврзување со враќање во Барселона, а наредна дестинација сепак би можела да му биде Мадрид.

Бејл има проблеми во Реал. Зидан јавно рече дека едвај чека заминување на Бејл кој носи големи заслуги за долгогодишната доминација на Кралевите во Европа.

Перез долго време го посакува Нејмар, па на двете страни би одговарало да се случи размена, бидејќи и Ал-Келафи во тимот не сака незадоволни играчи.

За Бејл е заинтересиран и Тотенхем, но неговиот поранешен клуб не може да му ја понуди платата како што му е во Реал Мадрид.