„За доброто на бразилскиот фудбал сакам Нејмар да се врати во Барселона“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар се чини дека ќе биде продаден од ПСЖ ова лето, а неговата желба е враќање во Барселона.

Нејмар седум дена подоцна се приклучи на припремите на ПСЖ и поради тоа беше казнет со скоро 400.000 евра, а иако ги започна припремите  и понатаму одбива да игра на пријателските натпревари.

Бразилецот им призна на челниците на клубот дека сака да се врати во барселона, бидејќи сфатил дека направил грешка која пред две години го напушти Камп Ноу и потпиша за ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Меѓутоа Парижаните не сакаат туку така да го пуштат. Тие бараат од Барса 100 милиони евра и барем двајца играчи да дојдат во спротивен правец што за Каталонците е едноставно премногу.

Но, на враќање на Нејмар во Барселона се надеваат и неговите соиграчи од репрезентацијата. Фелипе Луис изјави дека и тоа како би било добро за бразилскиот фудбал, бидејќи се гледа дека Нејмар не е среќен.

„Се надевам дека ќе се врати во Барселона. Во Барса Нејмар е среќен и навистина сакам да ужива повторно играјќи со Меси. Ова и тоа како е важно за доброто на бразилскиот фудбал, бидејќи се гледа дека Нејмар не е среќен. Нема да биде лесно да се врати во Барселона, но се надевам дека некако ќе успее во тоа“, изјави Фелипе Луис.