Дефанзивецот на Рома околу трансфер шпекулациите: Веќе почнавме да се шалиме?

Дефанзивецот на Рома, Хуан Хесус ова лето се најде на мета на трансфер шпекулации и гласини дека наскоро би можел да го напушти Олимпико.

Меѓутоа, тој таквите шпекулации очигледно ги смета како обични глупости.

Имено, откако почнаа шпекулациите дека би можел да премине во Бешикташ, Хуан Хесус одлучил да ги прокоментира таквите написи.

Бразилецот на својот Инстаграм објави „screenshot“ од една вест во која се предвидува неговиот трансфер ов Бешикташ и напиша „Зар веќе почнавме со шалите?“.

Инаку, Хуан Хесус е под договор со Рома до летото 2021. година.

Тој е во редовите на Волчицата од 2016. кога стигна од Интер во трансфер вреден 10 милиони евра.

Минатата сезона 28 годишниот Хесус запиша 20 настапи за Рома во Серија А, а постигна и еден гол.

Advertisements