Изненадување на летото: Набил Фекир потпиша за Бетис


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Набил Фекир го напушти Лион и на изненадување на многумина кариерата ќе ја продолжи во дресот на Бетис.

Фекир веќе неколку сезони е најдобар играч на Лион, а претходната година се поврзуваше со преминување во Ливерпул. И ова лето наводно тој беше на мета на Редсите, но ни овој пат тој трансфер не се изреализира.

Се очекуваше Фекир како и претходните години да остане во Лион, но тој се одлучи на трансфер кој изненади многумина.

Имено, овој 26 годишен фудбалер потпиша договор со Бетис откако вчера успешно ги помина лекарските прегледи.

Бетис на полноќ објави дека Фекир е нов играч на овој клуб и дека потпиша договор до летото 2023. година. Лион од продажбата на својот најдобар фудбалер ќе заработи околу 25 милиони евра.

Фекир во дресот на Лион одигра 193 натпревари и постигна 69 голови и запиша 43 асистенции. Во дресот на селекцијата на Франција одигра 21 натпревар и беше дел од тимот кој минатото лето го освои Светското првенство во Русија.