Барса го најави мечот против Челси, а потоа Плавите брутално им одговорија: „Подобро тоа да не го спомнувате“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барса се наоѓаат на припреми во Јапонија, а денес ќе го одиграат својот прв пријателски натпревар.

Противник ќе им биде Челси, а натпреварот помеѓу овие два тима се игра денес од 12.30. Барселона го најави овој натпревар на Твитер, но воопшто не насетија дека Челси и тоа како ќе ги „посрамоти“ со одговор.

Имено, од Барселона порачаа дека овој е натпревар помеѓу стари ривали од ЛШ, но во Челси им одговорија дека подобро е да не ја спомнуваат ЛШ после минатата сезона и излегувањето од Ливерпул.

„Дали е ова потсетување кога игавме едни против друго во ЛШ?“, објавено е на Твитер на профилот на Барселона, а потоа стигна одговор од Плавите: „ Подобро е да не ја спомнувате ЛШ после сезоната која ја имавте“.