Голем удар за Каталонците: Барселона остана без најголемиот талент во Ла Масија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола максимално ја користеше школата на Барселона додека беше на клупата на каталонскиот клуб.

Меѓутоа, откако тој и Лапорта го напуштија клубот се некако тргна во спротивен правец.

Бартомеу претодните години потроши неверојатна сума на пари за засилувања, додека Играчите од Ла Масија многу помалку имаа шанси за докажување во првиот тим.

Веројатно најголем талент во Ла Масија од претходните години беше Чави Симонс кој уште како дете стана планетарно популарен. Симонс воодушевуваше и минатата сезона во младинските категории, но сите ги изненади со одлуката да после девет години ја напушти Ла Масија.

Овој 16 годишник утрово и официјално потврди дека ја напушта Барселона и дека кариерата ќе ја продолжи во некој друг клуб. Шпанските медиуми пренесуваат дека најверојатно ПСЖ ќе го превземе и на овој начин ќе му зададат уште еден тежок удар на каталонците.