Арсенал во следните 48 часа добива две големи засилувања


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал се пред комплетирање на два трансфери во овој летен преоденрок.

„Топчиите“ досега до донесоа само Габриел Мартинели кој следната сезона веројатно ќе има поголема улога во у23 тимот, па фановите барем засега не се задоволни со трансфер активностите на својот клуб.

Сепак, тоа ќе се смени во следните денови затоа што Арсенал е пред комплетирање на позајмицата на Дани Себалјос од Реал Мадрид.

Себалјос веќе е во Лондон каде треба да ги помине медицинските прегледи пред и официјално да став потпис на договор со „топчиите“.

Денес или утре ќе се комплетира трансферот и на Вилијам Салиба кој доаѓа на перманентна основа од Сент Етјен. Сепак, младиот фудбалер ќе се врати во клубот во кој настапуваше и лани и ќе ја одигра новата сезона како позајмен фудбалер од Арсенал.