Арсенал во еден ден претстави две засилувања: По Себалјос потпиша и француски стопер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал денеска го претставија и Вилијам Салиба, одличен млад стопер кој доаѓа од редовите на Сент Етјен.

Младиот Салиба пристигнува на „Емирати“ за сума од 30 милиони евра, но следната сезона ќе ја помине повторно на позајмица во неговиот досегашен клуб.

„Презадоволни сме што Вилијам ни се приклучи. Многу  тимови го посакуваа, но тој одлучи да дојде кај нас и да биде дел од нашата иднина. Тој ќе остане во Франција следната сезона за да се стекне со повеќе искуство, а потоа ќе работиме заедно“ –истакна тренерот на Арсенал, Унаи Емери.