Кошаркар на допинг-тест испратил туѓа ур*на, па дознал дека е – „бремен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Ди-Џеј Купер се обидел да мами на допинг тест, но не му успеал планот, а доказот е навистина смешен.

Купер на контролата испратил ур*на на друга личност, а откако пристигнале резултатите, дознал дека е „бремен“. Секако, тоа на истражувачите им било чудно, па реагирале и сфатиле дека кошаркарот мамел на допинг-тестот.

Американецот пред неколку години тренираше со репрезентацијата на БиХ, за која требаше да игра, но побегна од подготовките и не се сакал да се врати.

Купер играше за ПАОК, Панатинаикос, АЕК, Монако…

Пред шест години се пријави на НБА-драфтот, но клубовите не го избраа, па кариерата реши да ја гради во Европа.