Ферстапен ја освои пол-позицијата во Унгарија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен оствари најбрзо време во денешните квалификации пред трката на Формула 1 за Големата награда на Унгарија.

Ферстапен до својата пол-позиција стигна со одлично време од 1:14.572, додека зад него ги остави Валтери Ботас со задоцнување од 0.018 секунди и Луис Хамилтон со задоцнување од 0.197 секунди.

Од четвтото и петтото место утрешната трка ќе ја почнат возачите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.

До десеттата позиција се наоѓаат уште и Пјер Гасли, Ландо Норис, Карлос Сајнц, Роман Грожан и Кими Раиконен.

Трката за Големата награда на Унгарија се вози утре од 15.10 часот.