Мбапе го истурка Нејмар од сликата на прославата на освојување на францускиот Суперкуп (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одамна е јасно дека односите меѓу најголемите ѕвезди во екипата на ПСЖ не се најдобри, а тоа можеше да се забележи и во односот на Килијан Мбапе и Нејмар при прославата на трофејот во Суперкупот на Франција.

Парижаните во Суперкупот славеа со 2-1 против Рен со головите на Мбапе и Анхел Ди Марија, а несекојдневна сцена беше забележана на местењето за групната фотографија кога Французинот го иструка Нејмар од кадарот.

Нејмар не беше во протокол за денешниот меч, но посака да биде дел од фотографијата со првиот трофеј за сезонава.