Гатузо повторно во акција: Италијанецот доби понуда од Франција!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер и тренер на Милан, Џенаро Гатузо би можел од следната сезона да предводи клуб од француската Лига 1.

Вахид Халихоџиќ го напушти Нант неколку дена пред почетокот на првенството, па францускиот клуб бара нов тренер.

До мечот со Лил во недела, Нант сака да постави нов стратег, па управата го контактирала Гатузо, како и уште неколку слободни тренери.

Популарниот Италијанец претходно ги тренираше Сион, ОФИ, Пиза и Палермо, а како фудбалер остави голема трага на „Сан Сиро“, додека играше и во Глазгов Ренџерс, Салернитана и Сион.

Во наредните денови ќе биде познато дали Гатузо ќе седне на кормилото на францускиот прволигаш.