Спектакл во НБА-лигата: На стартот нè очекуваат два одлични меча!

Новата НБА-сезона почнува на 22 октомври, а уште на почетокот нè очекуваа два интересни натпревари.

Американските медиуми објавија дека новата сезона ќе ја отворат тимовите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, како и актуелниот шампион Торонто и Њу Орлеанс.

Лејкерс и Клиперс сезонава донесоа спектакуларни засилувања. Леброн Џејмс ги доби за соиграчи Ентони Дејвис и ДеМаркус Казинс, но од друга страна ги очекуваат Кави Ленард и Пол Џорџ, кои потпишаа за Клиперс летово.

Деби во НБА-лигата ќе има и првиот пик Вилијамсон, кој со Њу Орлеанс ќе игра против Торонто, кој остана без најголемата ѕвезда Ленард.

Наскоро ќе биде објавен целосниот распоред на натпревари во НБА-лигата.