Вардар по втор пат на Супер Глоуб: Можно е полуфинале против Кил

Македонскиот и европски шампион Вардар на крајот на овој месец ќе учествува на Супер Голуб турнирот кој важи за неофицијално светско првенство.

Домаќин на овој турнир е Саудиска Арабија, а денес Вардар го дозна расоредот. Црвено-црните турнирот го започнуваат од четвртфиналето и во него ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Ал Мудхар и Њујорк.

Без разлика кој ќе биде противникот Вардар ќе биде голем фаворит и не би требало да има проблеми да се избори за полуфинале, а таму може да се сретне со германски Кил.

Кил доби покана од организаторот на турнирот и во четвртфиналето ќе игра против Сиднеј.

Очекувањата се во полуфиналето да гледаме меч помеѓу Вардар и Кил.

За Вардар ова ќе биде второ учество на овој турнир.

Advertisements