„Скај“: Ковач во последен момент „краде“ еден од најголемите таленти на Арсенал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен е заинтересиран за Џо Вилок од Арсенал, ако може да се верува на шпекулациите на „Скај Спорт“.

Станува збор за 19-годишен фудбалер, кој воодушеви на претсезонските натпревари за „топчиите“, а играше и повеќе од еден час во победата од 2-1 против Баерн.

Ковач претходно се обиде да го ангажира Калум Хадсон Одои од Челси, голем талент, но не успеаа во својата намера. Одои потпиша нов договор со Челси, па и тој трансфер на Баварците пропадна.

Сепак, Баварците не се откажуваат толку лесно од Вилок, па ќе се обидат да го убедат во наредните денови да се пресели во нивната екипа.