Јунајтед ќе го испрати Санчез во Италија, но ќе продолжи да го плаќа!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од услугите на Алексис Санчез, а од тоа најмногу би можела да профитира Рома.

Клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да го испрати Санчез на позајмица во Рома и дури да покрие поголем дел од трошоците, кога станува збор за неговата плата.

Санчез во Јунајтед заработува неделно дури 350.000 фунти, а тоа е премногу за италијанскиот клуб, па поради тоа „ѓаволите“ би плаќале поголем дел од платата во сезоната 2019/20.

Чилеанецот играше во италијанската Серија А од 2008 до 2011 година кога беше член на Удинезе.