Слатка одмазда на навивачите на Челси на сметка на Давид Луиз (ФОТО)

Давид Луиз вчера го напушти Челси и се пресели во нивниот градски ривал Арсенал, а оваа одлука ги изнервира и налути навивачите на „сините“, кои најдоа начин да му се одмаздат.

Луиз е сопственик на италијанскиот ресторан „Бабу“ во Лондон, а навивачите на Челси цел ден оставаа негативни оцени за ресторанот на неговата страница.

„Ужасна услуга, одвратна храна. Не препорачувам“, напиша еден навивач.

„Најдов влакно во храната. Не трошете ги залудно вашите пари тука“, пишува друг.