Еден коментар на Инстаграм ги реши дилемите околу Икарди?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Антонио Конте веднаш по доаѓањето во Интер го отпиша Икарди. Денес му е одземена и деветката која му припадна на Лукаку, но Аргентинецот би можел да ја носи во Рома.

Стана извесно дека тој и Џеко ќе ги заменат тимовите, а еден коментар на Инстаграм ги реши можеби сите дилеми каде ќе настапува Икарди.

Фудбалерот на римскиот клуб Хуан Хесус под фотографијата на Икарди напиша:

„Те очекувам“ со емотикони во боите на Рома и симболот на Волчицата.

Икарди во претходните шест години настапуваше за Интер, но во изминатите неколку месеци предизвика голема бура откако во неколку наврати одбиваше да настапува.

Сепак, на крајот се врати на теренот. Одигра неколку слаби натпревари, а клубот ова лето одлучи да се ослободи од него.