Надал го откажа настапот на Синсинати


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќешниот победник на Роџерс купот, или Мастерс 1000 кој се игра во канадскиот Монтреал Рафаел Надал го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати.

Надал, кој синоќа го декласираше младиот Русин Данил Медведев, го оправда откажувањето на турнирот во САД со замор, а на негово место дојде „среќниот губитник“, казахстанскиот тенисер Михаил Кукушкин.

Добра вест за организаторите на турнирите во Синсинати е враќање на првиот и третиот тенисер во светот.

Џоковиќ и Федерер кои го пропуштија Купот на Роџерс, во првото коло се слободни, а Србинот во второто коло го чека подобриот од дуелот Куереи – Херберт, а неуништливиот швајцарец, победникот од натпреварот помеѓу Лондеро – Беретини.