Серена Вилијамс се расплака во тек на натпревар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серена Вилијамс, една од најдобрите тенисерки во светот на својот последен меч почна да плаче, па на крајот реши да го предаде дуелот.

Таа во својата изјава кажа дека дала максимум за да се избори со големата болка, која ја трпеше, но дека не успеала во својата намера.

„Многу ми е тешко што не успеав. Навистина го сакав тоа и се обидов, но не одеше по план. Беше ова многу тешка година, но одиме понатаму“, порача Вилијамс.

Серена во текот на годината имаше многу проблеми со коленото, а на последниот дуел се откажа поради болка во грбот.

Останува да видиме дали поради повредата ќе паузира подолго од теренот, посебно поради тоа што се расплака од болка.