Мурињо објасни зошто загубил Челси: Не разбирам зошто тој не играше…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси на многу лош начин ја отворија сезоната, откако во прво коло беа поразени со 0-4 од Манчестер јунајтед, и покрај тоа што играа многу добро во текот на мечот, но едноставно немаа среќа, па погодија пречка и статива.

Жозе Мурињо, кој сега работи како гостин коментатор во „Скај Спортс“ го критикуваше тренерот на Челси, Френк Лампард, а најмногу го критикуваше Мејсон Маунт.

„Не станува збор за тоа дали си стар или не, туку за настапот. Тие коишто заслужуваат, мора да ја добијат шансата. Ако е Вилијан повреден, тогаш разбирам, но ако не е, тогаш не ми е јасно зошто не играше на мечот против Јунајтед. Ако Канте може да игра 30-35 минути, тогаш може и да го почне дуелот“, вели Мурињо.