Погба го испофали Мегваер и стави голем знак прашалник на неговата иднина на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба одигра солиден натпревар против Челси и запиша две асистенции во убедливата победа од 4:0.

На овој натпревар своето деби за клубот го имаше Хари Мегваер кој се покажа во одлично светло и кој сосема заслужено ја однесе наградата за Играч на натпреварот. По средбата Погба даде коментар за новото засилување на „ѓаволите“.

„Го викам ѕвер. Искрено, како што видовте, тој е навистина импресивен. Тој е лидер. Перфектно се вклопи со нас уште на првиот тренинг. Зборувавме за контролирање на одбраната и добро се разбираме заедно со Виктор“- истакна Погба.

Французинот претходно даде изјава и за својата иднина на „Олд Трафорд“ на која стави голем знак прашалник.

„Знаеме дека во јавноста се зборуваа многу работи. Времето ќе си покаже. На тоа прашање оставам голем знак прашалник. Во моментов сум во Манчестер и уживам со моите соиграчи. Сакам да победувам на секој натпревар“ –заврши Погба.