Солскјер ги пофали новите засилувања


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги пофали новите засилувања на Манчестер Јунајтед по убедливата победа од 4:0 против Челси.

Хари Мегваер и Арон Ван Бисака беа главни играчи во одбраната, додека Даниел Џејмс доби шанса во финишот на натпреварот и веднаш постигна деби погодок во дресот на „ѓаволите“.

„Тие се вклопија одлично. Хари имаше три или четири тренинзи со тимот, но тој е толку искусен професионалец што најдобро се покажа на теренот. Го направи токму тоа за што го донесовме. Арон е доста агресивен и не сака да биде победен во лизгачките стартови .Тој е вистински фудбалер на Манчестер Јунајтед, -истакна Солскјер.