Од Ливерпул потврдија колку ќе отсуствува Алисон и веднаш донесоа негова замена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул потврдија дека првиот голман, Алисон Бекер ќе отсуствува од терените во следните неколку недели по повредата на натпреварот против Норвич во рамките од првото коло од Премиер лигата.

Јирген Клоп потврди дека Адриан ќе биде прв избор во следниот период, додека дупката која настана и со повредите на младите голмани ќе ја пополни искусниот Енди Лонгеран.

„Најдовме решение на краткорочен план и тоа ќе биде Ендо Лонгеран. Тој беше со нас и на претсезонските подготовки, тој е брилијантен карактер и многу фино момче, затоа одлучивме да работиме заедно со него. Адриан засега е број 1, кога Калоимхинќе се врати од повредата веројатно број 2, но мора да го видиме на некои натпревари за у23 тимот за да добие повеќе искуство, -истакна Клоп.