Барселона и ПСЖ во Париз водат важни преговори за Нејмар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Француските медиуми пишуваат дека утринава Барселона и ПСЖ денеска ќе одржат важни преговори за трансферот на Нејмар.

Претставниците на Барселона на чело со Ерик Абидал заминаа утринава во Париз, а „Мундо Депортиво“ објави фотографија од авионот на која се гледа екипата на Каталонците.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кажа дека преговорите имале напредок, но не откри со кој клуб преговараат.

ПСЖ сака да добие 200 милиони фунти за Нејмар, но тоа тешко ќе се оствари, па Барселона ќе вклучи еден фудбалер во трансферот и тоа најверојатно ќе биде Филипе Кутињо.

„Ла Паризиен“ пишува дека Абидал заминал со понуда од 60 милиони евра плсу Кутињо, но тој има дозвола да ја зголеми понудата до 75 милиони евра.