Погба не се откажал од својата намера, но проблемот е во – Зидан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пол Погба не го промени мислењето, па сака да замине од Манчестер јунајтед, но нема да форсира трансфер, туку додека игра во англискиот премиерлигаш, тој ќе даде максимум.

Сепак, Јунајтед е убеден дека Реал Мадрид нема да плати 180 милиони евра за Французинот, а исто така во Шпанија сметаат дека Зинедин Зидан нема да остане долго на клупата, зашто е разочаран со ставот на претседателот Флорентино Перез.

Синоќа, новинарот Диего Торес објави дека Зидан изгледа како човек кој наскоро ќе замине од Мадрид, а над клубот е сенката на Жозе Мурињо.

Тоа секако би го спречило трансферот на Погба, кој има договор на уште една сезона, но Јунајтед во секој случај може да ја активира клаузулата и да му го продолжи договорот на уште една сезона.