Баерн Минхен будно ги следи преговорите меѓу Барселона и ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона и ПСЖ денеска во Париз имаат состанок на кој разговараат за потенцијален трансфер на бразилската ѕвезда Нејмар, а од „сенка“ нивната средба ја следи Баерн Минхен.

Шпанските медиуми објавија утринава дека претставници на Барселона на чело со Ерик Абидал заминале во Париз, кадешто разговараат со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Барселона е подготвена да го понуди Филипе Кутињо или Осман Дембеле и максимално 100 милиони евра во замена за Нејмар.

Исто така, состанокот во Париз го следат од управата на Баерн Минхен. Баварците пред самиот почеток на сезоната сакаат да донесат некое звучно засилување, па доколку Кутињо се пресели во Париз, Баерн ќе го купи Дембеле.