Солскер постави јасна цел за Рашфорд која сака да ја исполни до крајот на сезоната

Тимот на Оле Гунар Солскер покажа одлична игра во која Маркус Рашфорд постигна два гола и се чини дека е на добар пат да го исполни барањето што Норвежанецот му го даде пред почетокот на сезоната.

Поточно, „The Sun“ пишува дека Солскер поставил цел младиот Англичанец да постигне минимум 20 гола во новата сезона.

Рашфорд минатата сезона одигра 47 натпревари во дресот на Јунајтед, но постигна само 13 голови, а тренерот на тимот на „Олд Трафорд“ смета дека 21-годишниот играч може многу подобро од тоа.

Се наведува дека Норвежанецот работел со Рашфорд цело лето на подобрување на неговото движење во и надвор од шеснаесетникот.

Извор од „Олд Трафорд“ изјави за „ The Sun “:

„Оле седна со Маркус минатата недела. Сè беше многу позитивно. Потребно му беше половина час да разговара за некои работи што сакаше да ги види повеќе од него“.
„Оле ќе му помогне повеќе со неговото движење во шеснаесетникот за да игра поблиску до голот“.

Advertisements