Лудило во Данска: По 11 пенал серии, Црвена Звезда обезбеди пласман во плеј-офот од Лигата на шампионите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Данска се одигра убедливо највозбудливиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу Копенхаген и Црвена Звезда.

По првиот натпревар од Белград резултатот беше 1:1, а истиот резултат се повтори и на стадионот на Копенхаген.

Натпреварот замина во продолженија, но и по нив резултатот остана непроменет, па се замина на изведување на пенали.

Верувале или не, во пенал рулетот се изведија дури 22 пенали или цели 11 серии. Херој на Звезда беше Милан Борјан кој одбрани дури пет удари од противниките играчи.

Црвена Звезда си обезбеди сигурен настап во Лига Европа, но доколку го совлада Јанг Бојс во финалното коло од квалификациите повторно ќе игра во Лигата на шампионите.