Реал Мадрид најде решение за Погба, а што ќе биде со Јовиќ?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид и понатаму чека, но очигледно на крајот нема да го купат Пол Погба летово, туку ќе тргнат по неговиот потпис следното лето.

Во игра влезе и суперагентот Жорж Мендеш како преговарач, иако дава гаранции за Манчестер јунајтед, односно им го ветил Бруно Фернандеш доколку го продадат Погба на Реал Мадрид.

Наердното лето би можел Погба да пристигне во Мадрид, а тоа е слична формула како со Роналд, кој го убедија да остане уште една сезона.

Јунајтед сега нема да го продава Погба ниту за 200 милиони евра, зашто едноставно немаат замена, а преодниот рок во Англија е завршен.

Од друга страна, шпанските медиуми пишуваат дека тренерот Зинедин Зидан не е задоволен од Лука Јовиќ, па сака да го испрати на позајмица за да добие искуство, но засега нема никаква потврда за тоа, па останува да видиме што ќе се случи.