Џеко е жртва на однесувањето на Мауро Икарди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долгогодишниот напаѓач на Нероаѕурите е отпишан од Џуземе Меаца. Интер сака да се ослободи од него, а дури остана и без бројот девет кој му припадна на Лукаку.

Меѓутоа, Икарди осветувајќи му се на раководството на Интер, одбива да премине во Рома. Иако Интер со римскиот клуб се договорија за трансфер наЏеко, Икарди сето тоа го кочи.

Договорот бил следен. Џеко би преминал во Интер во замена за Икарди, а Рома би доплатила додатни 40-50 милиони евра. Сепак, Аргентинецот одбива да оди во Рим и сака да премине само во Јувентус.

Исто така, Икарди ги одбива сите останати алтернативи. Управата на Интер проба да го понуди и на Наполи, но и тоа заврши неславно.

Ќе видиме како ќе заврши оваа сапуница, а до крајот на преодниот рок во Италија остануваат уште девет дена.