„Тутоспорт“: Манџукиќ ја одби Севилја – има само една желба за својата иднина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус продава шест фудбалери, зашто смета дека Марио Манџукиќ, Марко Пјаца, Матија Перин, Лука Пелегрини, Даниеле Ругани и Сами Кедира се вишок.

Манџукиќ по пристигнувањето на тренерот Маурицио Сари често се поврзува со заминување од Јувентус, па Севилја е последна во низата клубови, кои покажаа интерес за 33-годишниот хрватски напаѓач, но „Тутоспорт“ објави дека тој одбил да се пресели во Шпанија.

Медиумот пишува дека Баерн Минхен е единствен клуб во кој Манџукиќ сака да се пресели. Тој веќе играше во Минхен, а сега таму би го тренирал Нико Ковач со кој одлично се познава.

Баерн, наводно, има план за ангажирање на Манџукиќ и сака да го донесе на ист начин како Иван Перишиќ од Интер – на едногодишна позајмица со можност за откуп.