„Мундо Депортиво“: Ниту Ракитиќ сака да се сели во ПСЖ, ниту тие не го сакаат него!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона се обидува да го донесе Нејмар, па во Париз беше спортскиот директор Ерик Абидал, како и останати членови од тимот.

Некои медиуми пишуваат дека ПСЖ го понудил Филипе Кутињо, а други, пак, пишуваат дека во понудата бил и 31-годишниот Иван Ракитиќ.

„Изворите соопштија дека Хрватот не може да биде дел од трампата. Ниту Ракитиќ сака да се пресели во Париз, ниту тие го сакаат него“, пишува „Мундо Депортиво“.

Во секој случај, преговорите продолжуваат за трансферот на Нејмар, а Барселона ќе има голема битка против вечниот ривал Реал Мадрид за потписот на Бразилецот бидејќи и тие имаат сериозна понуда испратена до ПСЖ.