Сите со поддршка за Македонија: Дуелот против Португалија на СП со пренос на – Телма!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација до 19 години ја очекува тежок предизвик во осминафиналето на Светското првенство (СП) против Португалија.

Кадетите побараа поддршка од македонската публика во СЦ „Борис Трајковски“, а тие кои нема да можат да присуствуваат во салата, ќе може да го следат дуелот на Македонија и Португалија пред малите екрани на Телма.

„Почитувани спортски пријатели, Ракометната Федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија. Влезот е слободен, натпреварот со директен пренос ќе биде пренесуван на ТВ Телма“, пишува во соопштението на РФМ на Фејсбук.