„Зидан заради Погба на чекор од оставка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан се наоѓа на чекор од оставка од позиција тренер на Реал Мадрид.

Барем така тврди шпанскиот новинар Диего Торес кој во интервју за британскиот „The Independent“ истакна дека францускиот стручњак размислува околу тоа бидејќи не успеал да го донесе Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

“Неуспехот на Зидан да го донесе Пол Погба во тимот, го доведе на раб на оставка. Тој лично му вети на Погба дека ќе го донесе во Мадрид и не го исполни. Фактот дека не го направил трансферот што сакал, ја заниша врската помеѓу Зидан и претседателот Флорентино Перез”, рече Торес.

Зидан донесе многу играчи ова лето, но само едно големо име – Еден Азард. Многумина сметаат дека е направено премалку за „кралевите“ да се борат за трофеи, а навивачите не ги радуваат ниту натпреварите во претсезоната.

Реал не блескаше премногу. Во тимот има многу лоши односи, повеќе се зборува за Герет Бејл и неговиот однос со Зидан отколку за убави работи, па затоа Кралскиот клуб во моментов се наоѓа во многу проблеми.

До крајот на преодниот рок, во Шпанија останува уште доста. Преодниот рок завршува на 2ри септември и не е невозможно Кралевите да направат уште еден голем трансфер.