Ловрен се поблиску до трансфер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на хрватската репрезентација Дејан Ловрен е на работ да го напушти Ливерпул.

Во ротацијата на Јирген Клоп, овој дефанзивец потона на четвртата стоперска позиција, а бидејќи тоа не одговара на неговите амбиции, тој самиот инсистира на напуштање на „Енфилд“.

Натписисте за заминување дополнително го поттикнаа тоа што тој не беше ни во протокол за натпреварот со Норвич, а според последните информации што доаѓаат и од Англија и од Италија, следна негова дестинација ќе биде Серија А.

Пред неколку месеци, Ловрен стапи во контакт со Милан, но „Газета дело Спорт“ тврди дека 30-годишниот дефанзивец е на прагот за во Рома и разговорите се водат интензивно за можен трансфер.

Волчицата, наводно е подготвена да го донесе Ловрен најпрво на позајмица во вредност од два до три милиони евра, а истото би вклучило и опција за откуп на 15 милиони евра на крајот на сезоната. Истиот извор наведува дека опцијата би била задолжителна доколку Римјаните ги постигнат своите цели.

Ловрен настапува во Англија од 2013 година. Пред да дојде во Ливерпул играше за Саутемптон, а порано за Лион, Динамо и Интер од Запрешиќ.