Сколс го спореди играчот на Јунајтед со легендата на Арсенал: Тој е нашиот Анри


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пол Сколс смета дека играчот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал е верзија на Тиери Анри.

Анри беше ужасно доминантен играч кој играше во врвот на нападот, но честопати завршуваше на левото крило.

Легендата на Јунајтед гледа голем потенцијал во Марсијал и смета дека може да стане новиот Анри, но секако како играч на Јунајтед.

“Не е погрешно да се привлече Марсијал на левото крило. Па, Анри го правеше тоа скоро целата своја кариера”, рече Сколс, додавајќи:

“Тој започнуваше натпревари на врвот на нападот и цело време беше на крилната позиција. Тоа го прави и Марсијал. Јас го гледам ова како добра работа, доколку тој заврши како Анри, а мислам дека може да го стори тоа”, заврши Пол Сколс.