Јувентус пред договор за продолжување на соработката со важен играч


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Јувентус се многу блиску до постигнување договор за продолжување на соработката со Хуан Квадрадо.

Колумбискиот фудбалер неколку сезони е исклучително важна карика во таборот на Јувентус, а Маурисио Сари се согласил него да му биде понуден нов договор.

Според „Газето дело Спорт“ фудбалерот ќе потпише договор со кој ќе го продолжи престојот во Торино на дополнителна една сезона и според кој ќе заработува по 4 милиони евра годишно.

И покрај тоа што ќе го продолжи договорот, од Јувентус ќе му дозволат на Квадрадо да си замине во јануари доколку за него пристигне понуда од околу  20 милиони евра.