Неверојатен пропуст: Навивачите на Челси збеснаа, пеналот на Абрахам требало да биде повторен!? (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул синоќа успеа да го освои трофејот во УЕФА Суперкупот против Челси, откако Адријан му одбрани пенал на Тами Абрахам.

Сепак, се појавија фотографии на кои се покажува дека пеналот на Абрахам треба да биде повторен поради новите правила.

Новото правило е дека голманот при бранењето на пенали мора да биде на гол-линијата во моментот кога се изведува ударот од 11 метри.

Навивачите на Челси тврдат дека ниту една нога на голманот на Ливерпул не била на линијата, па сметаат дека ударот требало да биде повторен.

Останува отворено прашањето зошто од ВАР-собата не реагираа на тоа.