Трojцa кандидати за најдобар играч на Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги прогласи тројцата кандидати за најдобар играч на Европа за сезоната 2018/2019.

Како што се очекуваше, фантастичниот холандски стопер Виргил ван Дајк се најде на списокот, имајќи прекрасна сезона во дресот на Ливерпул, тој е главен кандидат за освојување на наградата.

Покрај него, има уште две имиња кои со години доминираат во сите можни избори за најдобрите.

Ѕвездите на Барселона и Јувентус, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но покрај Ван Дијк, тие се аутсајдери овој пат за да ја освојат наградата за најдобар на Европа.

Победникот на наградата за најдобар фудбалер на Стариот континент од минатата сезона ќе биде именуван на 29 август за време на церемонијата на која ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампионите.