Баерн не се откажува од Сане


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен не губи надеж дека ќе го донесе Лерој Сане и покрај тоа што фудбалерот на Манчестер Сити замина на тешка операција по повредата на коленото.

Шампионот во Бундеслигата го донесе Иван Перишиќ на позајмица откако дозна дека Сане ќе отсуствува една година, по повредата заработена на Комјунити Шилд натпреварот со Ливерпул.

Сепак, „Билд“ пишува дека баварците ќе испратат понуда до Манчестер Сити пред крајот на преодниот рок за фудбалерот кој ќе отсуствува долг период.

Понудата која Баерн Минхен ќе ја испрати ќе биде значително помала од првично планираната, па се уште не се знае дали Сити ќе ја прифати.