Нов Англичанец ќе го менува Руни во ДиСи Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Даниел Стариџ е во напредни преговори со ДиСи Јунајтед за евентуален негов трансфер преку барата.

ДиСи Јунајтед е во потрага по фудбалер кој ќе го замени Вејн Руни кој од јануари ќе заигра за тимот на Дерби Каунти.

„Скај Спортс“ дознава дека поранешниот фудбалер на Ливерпул е во преговори и со Трабзонспор и Бешикташ, а „Скај Италија“ пак објави дека Аталанта го бара искусниот напаѓач како засилување во пресрет на Лигата на шампионите.