„Знаев што може Нианголан да направи, но тој ме зачуди – тој е ѕвер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каљари ова лето одработи одлична работа кога се во прашање засилувањата. За 18 милиони евра од Бока Јуниорс стигна Нахитан Нандез, стигна и Марго Рог од Наполи, но и Раџа Нианголан.

Белгиецот од Каљари стигна на позајмица од Интер и секако претставува огромно засилување за својот нов тим.

Тој на почетокот на месецот се придружи на тимот на Каљари, а веќе успеа да го импресионира тренерот Роланд Маран.

„Спортскиот директор Марсело Карли и претседателот Гиулини успеаа да направат неколку вистински подвизи“, изјави Маран за Газета дело Спорт, па продолжи:

„Рог, Нандез и Нианголан се играчите кои ги посакувавме. Рог стигна да ја организира играта и да ни донесе дополнителен „притисок“. Тој ќе биде нашиот мотор“.

„Нандез ме импресионираше со својата жестокост и позитивност. А кога е во прашање Нианголан, знаев што може да понуди, но ме зачуди она што го видов од него на тренинзите. Тој е ѕвер со фудбалот во неговата глава. Може се да работи добро. Тој е Жоао Педро ќе бидат заменици на капитенот“.

Инаку, Нианголан патот кон ѕвездите го започна токму кога Каљари во 2014 година го продаде на Рома за околу 18 милиони евра.